Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со Ковид 19
Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19. На нив им следува 40% од последната основна нето-плата.
„Како што ветивме никој нема да биде заборавен. Тука се вклучени вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19.“- вели министерот за здравство, д-р Венко Филипче.