Донација на облека од Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца во Црвен крст Охрид
Здружението на пензионери од oпштина Охрид и Дебрца согласно програмските активности, а по повод состојбата со корона вирусот КОВИД-19, преку Активот на пензионерките организираа хуманитарна акција со која собраа поголема количина на облека која денес (22.05.2020) ја предадоа како донација на Црвен крст Охрид.
Преку Црвен крст, облеката ќе биде дистрибуирана на пензионери и други граѓани на кои им е потребна.