Донација од триесет и шест компјутери за училиштата во Охрид
Врз основа на Одлуката на Владата, за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Општина Охрид, Универзитетот “Свети Апостол Павле“, денес донира триесети шест компјутери за училиштата во Охрид.
Компјутерите ќе бидат подеднакво распределени во ОУ “Григор Прличев“ и во средните училишта, “Свети Климент Охридски“, “Свети Наум Охридски“ и средното економско училиште “Свети Кирил и Методиј“.