23/11/2024
Охрид

Донација за тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид

Во рамки на долгогодишната и континуирана соработка на Црвен крст Охрид со Националниот Здравствен Сервис на Холандија ((NHS) во делот на првата помош, во тек е реализација на уште една донација наменета за тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид и на тимовите на спасители од Службата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид. Донацијата се состои од два LIFE PACK монитори на кои можат да се следат виталните животни функции во човечкото тело и во случај на потреба да се интервенира со вграден дефибрилатор.

На денешното предавање на донацијата од страна на претставник на NHS од Холандија Г-дин Rob Sudmeijer, кој воедно е и инструктор за прва помош на Црвен крст Зеволде, Холандија, кое ќе се реализира во просториите на Црвен крст Охрид, ќе присуствуваат и претставници на Средното економско училиште „Кирил и Методиј“ од Охрид и ученици од медицинските паралелки кои ќе можат да ги видат овие медицински апарати, а во иднина и да ги користат истите за обавување на потребите од наставата.

Посетата на претставникот на NHS од Холандија ќе биде искористено за подготовка на програма за нова обука за парамедици за потребите на Црвен крст Охрид, која според европските стандарди и под водство на инструктори од NHS од Холандија би се реализирала во месец септември 2018 година.