Донев: Историски мигови за нашата татковина и за нашиот град
Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција на која говореше претседателот на Општинскиот комитет, Сашо Донев.
„Историски мигови за нашата татковина, за нашиот град, моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност.
Охриѓани не живеат подобро од претходно, во целата држава има чемер и јад.
Од денеска ни се отвораат вратите кон нови предизвици. Денешниот ден не е ист како претходните, бидејќи најавува едно подобро утре кое ќе внесе насмевка во охридските семејства. Уште денес започнуваме со работа, која ќе триумфира на 21 април. Oбединети и сплотени да продолжиме со создавање нови дела и вредности, кои се трајни и се за охриѓани.
Ќе го посетиме секое маало, секоја улица и куќа презентирајќи ја Програмата.
Сите симпатизери и членови на партијата, но и сите оние кои сакаат промени заедно да дејствуваме во насока на подобрување на општественото живеење во Охрид.
Затоа, Ве повикувам на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,За подобра Македонија” денеска на Градскиот плоштад во 20:00 часот.
Заеднички да излеземе и дадеме поддршка за победа на д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид и проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија.
Заедно да почнеме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија.
За поубав Охрид!
За право и правда, за Македонија!“ – истакна Донев.