23/11/2024
Охрид

Донев: ЈП „Водовод“ тоне во милионски долгови, а приоритет на директорот се 18 нови вработувања

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше претседателот на Општинскиот комитет, Сашо Донев.

„Во услови на КОВИД-19 пандемија кога жителите на улица „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода за пиење и вода за лична хигиена, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ се нови 18 вработувања.

Иако има над 250 вработени, Директорот на ЈП „Водовод“ баш сега се сети дека му е потребен личен возач во услови кога градот тоне, се затвораат дуќани и се економски уништени туризмот и стопанството.

Денес охриѓани плаќаат за 30% поскапа вода додека парите наместо за капитални инвестиции кои се под 10% се пренаменети за возач на директорот и вработување на партиски послушници.

ЈП „Водовод“ наместо најуспешно јавно претпријатие кое треба да биде пример во државата, секојдневно тоне во милионски долгови, а охриѓани покрај еден од најголемите басени за питка вода се соочува со недостиг на вода за пиење и за лична хигиена.

Во многу скоро време охриѓани ќе ви пресудат, а за расипничкото трошење на парите од граѓаните ќе одговарате.

Бараме од градоначалникот Георгиески додека не е предоцна точката за нови вработувања во ЈП „Водовод“ да ја повлече од седницата на Совет закажана за во понеделник, 9 ноември!“ – истакна Донев.