Донев: На 5 Мај да излеземе и гласаме за подобро утре, поубав живот и убав Охрид
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, денес одржа прес-конференција на која истакна:
„На 5 мај Охрид и охриѓани имаат можност конечно да стават крај на политиките на СДСМ и Константин Георгиески кои скоро две години ги лажат и манипулираат.
Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ.
Охрид е создаден за градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на охриѓани.
До кога ќе го потценуваат народот?
Ниту заплашувањата и уцените нема да ги спасат од поразот. Овие луѓе ќе бидат казнети.
Поголемо понижување, поголемо омаловажување во 21 век зарем постои ли од тоа условувајќи ги граѓаните да гласаат?
Не е човечки и хумано дека само така ќе им асфалтираат некоја улица, ќе им завршат работа, ќе им дозволат нешто незаконско.
Совеста ќе биде коректор и за враќањето на долговите со преговори за камати во четири очи, а времето ќе ја покаже вистинската намера.
Господа од СДСМ,
Ако имавте малку доблест ќе се извиневте за штетните одлуки, вашето недомаќинско работење и водејќи го Охрид во бездна со скојдневните неправди, криминали и непотизам.
Гласот за СДСМ и Констанитин Георгиески е глас за Зоран Заев, за промената на името, за заштита на криминалот, за поддршка на урбаната мафија.
Гласот за Гордана Силјановска-Давкова значи глас за просперитет, право и правда, иднина на сите генреации.
На 5 Мај да излеземе и да го дадеме гласот за Д-р Митре Милошевски за подобро утре, поубав живот и убав Охрид.
Тоа се гласа за надеж, за иднина.
Гласа од кои зависи иднината на Охрид и судбината на Република Македонија.“ – истакна Донев.