Донев: Наша должност е да му го покажеме патот на Заев кон темната страна на историјата
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид вечерва одржа протест „Сега за да не биде предоцна“.
„Драги охриѓани,
Дали ние како генерација го заслужуваме сето ова што ни се случува!?
Ако им забележувавме на нашите родители дека не биле доволно храбри да ги заштитат фабриките од болната транзиција, нас ќе нѐ обвинуваат нашите деца дека не сме биле доволно храбри да го одбраниме она што остана од Македонија и сме биле причина да си го бараат чарето надвор од неа.
Токму затоа нема назад, мора да бидеме мудри, да делуваме мудро. Да се бориме и да се обединиме, за заедно да го спречиме злото кое Заев и тие околу него и го имаат спремено на Македонија и само го чекаат правиот момент за да го испорачаат последното предавство.
Затоа наша должност е да му го покажеме патот на Заев кон темната страна на историјата!
ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!“ – изјави на протестот, Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
https://youtu.be/4hXYAsni0Oc