Донев: Поддржете нè, само заедно со вас ќе се избориме за нашиот град!
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше носителот на листата за членови на Советот на општина Охрид, Сашо Донев.
„Ги повикувам сограѓаните да нè поддржат, да ни бидат ветар во грб, да издржиме и успееме заедно.
Во оваа борба за Охрид, наш сојузник сте вие.
Ви ветуваме нема да има договори и преговори, нема да има непринципиелни коалиции.
На сите ни е доста од неправди затоа заедно да го спасиме Охрид од неспособноста, деструкцијата, криминалот и корупцијата.
Да им покажеме дека сме побројни од нив.
Ветуваме дека ќе бидеме погласни, и посилни и поработливи.
Време е Охрид да биде на сите нас.
Поддржете нè, само заедно со вас ќе се избориме за нашиот град!“ – истакна Донев.