Донев: Време е за промени во Охрид! Доаѓаат подобри времиња! Охрид ни е сѐ што имаме!
„Време е за промени во Охрид! Доаѓаат подобри времиња! Охрид ни е сѐ што имаме!“ – истакна кандидатот за советник во Советот на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев.
„Гарантираме промени, проекти и победи!
Поддршка за книжевното, ликовното, музичкото и драмското творештво, поддршка за цела култура.
Поттикнување на здравствениот туризам како дел од туристичката понуда на Охрид.
Поддршка, поттикнување и унапредување на спортот.
Квалитетно и модерно образование – темел за иднината на Охрид.
Зачувување на македонскиот јазик и промоција на културно-историското наследство.
Квалитетни мерки за инвестиции и напреден технолошки развој.
За буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните конкретни потреби.
Борба за секое ново работно место и економски раст и развој на општеството.
Лицата со посебни потреби еднакви на пазарот на трудот.
Поттикнување на културата на припадниците на заедниците и негување на верските обичаи.
Активни и мотивирани млади кои учествуваат во донесување одлуки.
И вам ви е доста од неправди?
Време е за промени во Охрид!
Доаѓаат подобри времиња!
Охрид ни е сѐ што имаме!
Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“.“ – истакна Донев.