Драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и „Модерна детска бајка“ дел од програмата „За сите деца“
Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, овој петок на 30.08.2024 година на сцената кај ТЦ „Амам“ во 20:00 часот, ќе бидат одиграни драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и адаптацијата на „Модерна бајка“.
Претставите се подготвени од членовите на детското драмско студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска.
WebOhrid / 27.08.2024 / Општина Охрид