26/11/2024
Охрид

Дримскиот Басен – зачетник на нови пристапи за управување со води

Шестата Дримска Конференција беше организирана на 14-15 Ноември 2018 година во Охрид, заедно со состаноците на Експертските работни групи и Дрим Кор групата.

Преку 120 учесници од надлежни министерства, невладин сектор, академски институции, корисници на водите, работеа заедно за управувањето со Дримскиот басен , дискутираа за главните проблеми и како тие да се решаваат со употреба на иновативни технологии и како да се тргне чекор напрад кон изнаоѓање на решенијата. Конференцијата означи и точно 10 години активности за управување со Дрим и неговите под басени, Преспа, Охрид, Бел Дрим, Црн Дрим и Скадар.

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска го поздрави досега сработеното во имплементацијата на Дримскиот Меморандум околу разбирањето на прекуграничните проблеми и индикацијата на главните критични чекори  за во иднина како што се дефинирањето на еколошките цели и расзвивањето на Акционен план со приоритетни мерки. Таа посебно ја потенцираше важноста за размената на податоците и информациите помеѓу станите кои го делат Басенот во контекст на донесувањето на одлуки.

Герта Лубоња, директор на Агенцилата за управување со водните ресурси во Албанија ја потенцираше важноста на заедничка акција помеѓу замјите во Дримскиот Басен за заштита на водените ресурси но и за заштита од екстремните појави како што се поплави и сушни периоди.

Радосав Рашовиќ, претставник на Министерството за земјоделие и рурален развој на Црна Гора го пренесе задоволството од лидерството на Министерството наоѓајќи дека Конференцијата е една од активностите и форумите каде се адресираат заедничките проблеми и грижи, но и се планираат заедничките желби и интереси за управувањето со Басенот.

Дримската Конференција оваа година е всушност продолжување на традицијата за инволвирање на интересентите во работата под Дримскиот Меморандум согласно член 5 од истиот кој вели… „да се разбере потребата за имплементација на стратешка заедничка визија рефлектирана преку мислењата на интересентите од сите засегнати страни кои се повикуваат на годишна средба на интересенти од земјите од Дримскиот Басен“.

Секоја година конференцијата преставува еден форум за презентација на прогресот во имплементацијата на Дримскиот Меморандум, но и форум за дискусија за главните прашања во Басенот. Оваа година Конференцијата беше форум за :

  • Презентацијата на главните прашања во басенот на Дрим идентификувани низ научните анализи спроведени од 54 национални експерти , 2 меѓународни експерти и 2 консултантски компании, под координација на Глобалното партнерство за води, извршната организација на проектот. Презентирани беа Нацртот на прекуграничната дијагностичка анализа на Дримскиот Басен , студијата за Хидрологија на Басенот и студијата за загадувањето во Басенот. Претходно одобренио се студиите за Биодиверзитетиот, за институционалната и законска поставеност и за социоекономијата во Басенот, Презентиран беше и напредокот во изготвувањето на Планот за управување на сливот на Охридско Езеро.
  • Дискусија за поврзаноста на вода-храна -енергија-екосостем (Нексус) и идентификација на важните елементи, Преку тоа Конференцијата беше сервис на Нексус дијалогот во Дримскиот басен. Преку серија на дискусии учесниците беа наосчени да ја препознаат улогата на Нексус пристапот во управувањето со Дримскиот басен.

Саранго Раднарагча, регионален советник на УНЕЦЕ – клучната институција соработник и партнер на GWP Med во Нексус проектот, идентификуваше три главни сектори кои треба во иднина да бидат земени во предвид при управувањето со басенот:

  • Хидропотенцијалот за енергија и поплавите
  • Биомаса и управување со шумите
  • Земјоделието и размената

Конференцијата беше организирана од  Global Water Partnership – Mediterranean (GWP-Med)  Како дел од процесот за имплементација на Дримскиот Меморандум. Огганизацијате беше овозможена преку два проекта ;

  • ГЕФ Дримскиот проект
  • Проектот за Нексус пристап во управување на природните ресурси за ЈугоИсточна Европа, поддржан од Австриската агенција за развој (АДА). Дримскиот Басен е еден од двата басени на кој е фокусиран овој Проект.