26/11/2024
Македонија

Државниот секретар на МВР, Несторовска на четирипартитна конференција во Солун

Денес, (04.05.) во Солун се одржа третата по ред четирипартитна средба на министри за надворешни работи, за внатрешни работи и за транаспорт од Република Македонија, Република Албанија, Република Грција и Република Бугарија. Министерството за внатрешни работи беше претставувано од страна на државниот секретар, м-р Магдалена Несторовска која што присуствуваше на посебна средба на министрите за внатрешни работи на земјите застапени во овој формат.

На средбата беа утврдени неколку заклучоци и натамошни активности меѓу кои: потенцирана е потребата од заеднички обуки на припадници од МВР од сите домени на полициското работење, договорено е развивање на заеднички проекти за прекугранична соработка кои би биле финансирани со фондови на Европската унија, потоа интензивирање на напорите за формално етаблирање на размената на информации преку воспоставување на заеднички Контакт центар за полициска соработка меѓу Република Македонија и Република Грција. Меѓу другото, стана збор и за унапредување на соработката во делот на цивилната заштита при што беше потенцирана потребата од регионална соработка во поглед на превенција и заштита од пожари на отворени простори.