Државниот секретар во Министерството за одбрана на работен состанок во седиштето на НАТО во Брисел
Денеска во Брисел се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Комитетот на НАТО за партнерства и кооперативна безбедност (PCSC) и Република Македонија.
Делегацијата од Република Македонија ја предводеше државниот секретар во Министерството за одбрана г-дин Драган Николиќ. На состанокот предмет на разгледување беше новиот пакет на Партнерски цели 2018 и анализа на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Македонија.
Пред Комитетот на НАТО за партнерства и кооперативна безбедност државниот секретар Николиќ информираше за постигнатиот напредок на Република Македонија на нејзиниот пат кон НАТО, процесот на изработка на Стратегискиот одбранбен преглед 2018 и Стратегијата за одбрана.