Државно првенство во веслање на ергометар во Охрид
Оваа недела, на 15 декември 2024 година, Охрид ќе биде домаќин на значаен спортски настан – Државно првенство во веслање на ергометар. Натпреварите ќе се одржат во просториите на Центарот за спасување на планина со почеток во 10:00 часот.
Првенството ќе биде во организација на Веслачкиот клуб Горица Ремо – Охрид, а под покровителство на Веслачката федерација на Македонија. На настанот ќе учествуваат најдобрите веслачи од земјата, вклучувајќи претставници од ВК Горица Ремо – Охрид, ВК Црн Дрим – Струга, ВК Дебар и ВК Врбник – Струга. Натпреварите ќе се одржат во машка и женска конкуренција во категориите пионери (1км), кадети (2км), јуниори (2км), сениори (2км) и ветерани (1км).
Сите љубители на спортот, а особено оние заинтересирани за веслањето, се покануваат да ги следат натпреварите и да бидат дел од овој возбудлив спортски настан во Охрид.
Не пропуштајте го!