Два бронзени и еден сребрен медал за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид на 12-тиот меѓународен натпревар GАTUS 2024
Во период од 5ти октомври до 8ми октомври се одржа 12-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта (GАTUS 2024).
На натпреварот учествуваа 12 училишта од поранешните југословенски републики:
– Охрид (Македонија)
– Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија)
– Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина)
– Белград и Смедерево (Србија)
– Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска)
– Бар (Црна Гора)
Домаќин на натпреварот беше угостителско-туристичката школа Осијек- Република Хрватска.
Учениците се натпреваруваа во следните дисциплини:
✔︎ готварство,
✔︎ угостителско послужување и
✔︎ подготовка на тридневен туристички аранжман.
Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид освоија два бронзени и еден сребрен медал во следните дисциплини:
ГОТВАРСТВО 🥉
– Валентин Матоски
– Павел Илијовски
– Михаил Гулабовски
ментор: Војо Ангелоски
УГОСТИТЕЛСКО ПОСЛУЖУВАЊЕ 🥉
– Теона Талевска
– Контантин Мурговски
– Јован Андов
ментор: Васил Талевски
ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН 🥈
– Петар Ѓорѓиев
– Вероника Ѓуракова
– Габриела Ѓореска
ментор: Марија Ѓорѓиоска
На учениците и менторите им беа доделени сребрени и бронзени дипломи.
За сите учесници беше организирани едукативни излети во Копачки Рит и презентациско-едукациски центар Тиквеш.
Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2025, ќе биде градот Бар, Црна Гора.
WebOhrid / 10.10.2024 / РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид