Два настани во охридската библиотека во пресрет на 8 Март
Утре 6 март во 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид ќе одржи креативна работилница за деца, посветена на празникот 8 Март. Триесеттина деца од ОУ „Св Наум Охридски“ од Пештани и подрачните училишта во Трпејца и Коњско ќе изработуваат честитки за своите најблиски.
Во четврток 7 март исто напладне во охридската библиотека ќе се одржи поетското читање под наслов: „Убав и нежен стих – ист како жените“. Група жени – поети членки на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и членки на програмата „Грижа за стари лица“ при Црвен крст – Охрид ќе читаат свои творби и творби посветени за жената и убавината кои ним им се посебно драги.