Двајца охриѓани нападнати и повредени во угостителски објект во Охрид
На 28 декември оваа година во 00 часот и 30 минути, во угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир. Притоа, Н.Т. (26) и С.Т.(22), двајцата од Охрид, биле физички нападнати од, засега непознати лица кое биле гости во угостителскиот објект.
Тие, се здобиле со повреди поради што, со медицинско возило се префрлени на хируршкото одделение во Општата болница во Охрид. СВР Охрид, презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на настанот.