Двајца стружани фатени со прашкаста материја во Охрид
На трети февруари оваа година, во 02 часот и 55 минути во Охрид, при извршен преглед во патнички автомобил марка „БМВ“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Ѓ.(34) во кое како сопатник бил и Д.Л. (17), двајцата од Струга, пронајдени се една затворена и една отворена најлонска паковка со, засега непозната прашкаста материја со бела боја. Дополнително, полициските службеници пронајдоа и една банкнота од сто евра со траги од бела прашкаста материја и еден нож на преклоп со рачка, црна боја.
По претходно запознавање на Јавниот обвинител и Судија за малолетници, двете лица се приведени, а пронајдените предмети со потврда, се одземени за натамошна постапка.