23/11/2024
Македонија

Две лица од кичевско насилно влегувале во куќи и станови

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Кичево против, Н.Р.( 27) од Кичево и Л.А. (28) од селото Грешница, поднесе кривична пријава.

Пријавените, казнените дела ги извршиле во периодот од декември минатата, до февруари оваа година, кога, со употреба на подесен алат и физичка сила врз влезни врати и прозорци, насилно влегувале во куќи и станови.

Притоа, одземале пари и други вредни предмети со што, се стекнале со протиправна имотна корист од 100.000,оо денари.