Две лица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Ресен – Охрид
На 08.12.2017 година околу 20:00 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид кај с.Крушје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Лада“ со вевчански регистерски таблици управувано од С.П.(39) од с.Вевчани-струшко и патничко возило „Опел“ со охридски регистерски таблици управувано од Љ.Ч.(42) од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, при што Љ.Ч. бил пренесен во болницата Св„Еразмо“, од каде бил препратен во Клиничкиот Центар во Скопје, а С.П. бил пренесен и задржан во Медицинскиот Центар во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Ресен. За време на увидот, во времето од 20:00 до 22:30 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци. Се работи на целосно расчистување на случајот.