Еден килограм марихуана пронајдена кај скопјанец
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Ш. (29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Имено, на 11-ти овој месеци на ул.„20“ во с.Сингелиќ полициски службеници извршиле преглед на пријавениот при што била пронајдена наркотична дрога марихуана со маса од 986 грама, која била завиткана во проѕирна најлонска фолија