Едно лице почина при пожар во куќа во Песочан
Вчера (18.02.2018) околу 18:00 часот во село Песочан – општина Дебрца, од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Т.
При гаснењето на пожарот, од страна на пожарникарите од Противпожарна единица, во куќата било пронајдено починато лице.
Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.