Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Подмоље
На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта, општина Дебрца и „Фолксваген Поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид.
На местото на несреќата почина возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатира смрт, додека М.Л. – возач на возилото „Ауди“ се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.
ВебОхрид / 21.02.2022 / СВР Охрид