Едно лице загина во сообраќајна несреќа на влезот од Велешта
На 14.05.2023 околу 00:50 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во с.Велешта, А.О.(21) од с.Велешта, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струга.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.
WebOhrid / 14.05.2023 / МВР