26/11/2024
Охрид

Едукативно-превентивни работилници на СВР Охрид во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“

На 14.05.2024 година, Отсекот за превенција при СВР Охрид, во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“, во Охрид и Кичево, организираше едукативно – превентивни работилници во неколку средни општински училишта.

Притоа, на работилницата наменета за матурантите, полициските службеници, низ интерактивна комуникација, ги запознаваа учениците со потребата од безбедно прославување на матурските вечери, избегнување на користење алкохол, а посебно неуправување моторни возила под дејство на алкохол, зачувување на јавниот ред и мир за време на матурските прослави, но и за одговорностите со кои би се соочиле доколку има кршење на соодветните законски обврски и непочитување на законските правила и прописи.

Полициските службеници, на сите матуранти им ја честитаа матурата и на учениците им посакаа се најдобро.

Оваа превентивна активност, ќе се реализира и во Струга и Дебар.


WebOhrid / 16.05.2024 / СВР Охрид