22/11/2024
Македонија

ЕФСА: Јавна консултација за примената на нанонауката и нанотехнологијата во храната и храната за животни

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) преку својата мрежа на фокални точки проследи информација за отпочнување на јавна консултација во однос на нацрт упатство за анализа на ризик при примена на нанонаука и нанотехнологија во ланецот на храна и храна за животни.

Со упатството се опфатени сите релевантни области кои се во надлежност на EFSA како што се храната произведена со иновирани технологии, материјали кои доаѓаат во контакт со храна, адитиви на храна и храна за животни, и пестициди.

EFSA на својата веб страна објави кратка статија за нацрт упатство, а детални информации и нацрт текстот на упатството се достапни на следниот линк:

https://www.efsa.europa.eu/en/press/news/110114

Сите заинтересирани страни се поканети своите коментари во однос на нацрт текстот на упатството да ги достават до националниот координатор на EFSA за Република Македонија најдоцна до 4 март 2018 година на следната е-маил адреса:focalpoint@fva.gov.mk