Екипи од ЈП „Охридски Комуналец“ го уредуваа зеленилото во централното градско подрачје
Во пресрет на празничниот викенд екипите на РЕ “Паркови и зеленило” при ЈП “Охридски Комуналец” денови беа максимално ангажирани за уредување на јавното зеленило во централното градско подрачје.
Обновени се сите цветни леи во рамки на парковските површини,
Засадено е ново сезонско цвеќе во жардињерите и цветните саксиски аранжмани,
Спроведени се тековни активности за косење на тревата.