Екипи од „Нискоградба“ со активности на улиците „Спас Банџов“ и „Галичица“
Во рамки на предвидените активности за работа, надлежните служби за одржување на канализационата и атмосферска мрежа при ЈП „Нискоградба“ денеска започнаа со чистење и профилактика на цевководи и шахти на улица „Спас Банџов“.
Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности на улица „Галичица“. Просторно се уредува површина со бехатонска подлога од 300 м2 . Изведбата ќе придонесе за уредување на дел од урбаната заедница како и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од Охрид.