Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го чистат зелениот простор помеѓу двете коловозни ленти на патот Охрид-Свети Наум
Во пресрет на празничниот викенд, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ вршат чистење на зелениот простор помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Свети Наум.
Денеска беше извршено косење на неуредната вегетација на потегот од Хидробиолошкиот завод до населбата “Свети Стефан”.
Ваквите активности ќе продолжат и во текот на наредниот период.