Екипите на терен – се санира ситуацијата по вчерашното невреме
По вчерашното невреме кое беше проследено со силен ветер, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец” се на терен на повеќе локации во градот со цел да се санира состојбата: се подигнуваат оштетени стебла, скршени гранки, се расчистува кејот и крајбрежниот појас од наносите од разновиден отпад.
Дежурните екипи се во мобилна состојба за да се интервенира каде ќе има потреба.
WebOhrid / 01.04.2022 / Општина Охрид