Еко-активности во ОУ „Ванчо Николески“
Денес во ОУ „Ванчо Николески“ освен редовна настава, со сите ученици и вработени се реализираа и различни ЕКО активности, како во училиштето, така и во блиската околина. Учениците според однапред направен план и во групи ги средуваа училниците, собираа отпад во училишниот двор и блиската околина, садеа садници, а дел од нив фарбаа гуми и ограда, што е дел од проектот „ГУМАТА НЕ ГОРИ ЈА, ЗА УКРАС ОБОИ ЈА“.
Имено, во соработка со здружението „Брег на младоста“ и ЕКО патролата од ова училиште, веќе се реализира проект за подигнување на еколошката свест преку рециклирање на отпадоците. Идејата е да се рециклираат гуми за отпад, од кои ќе бидат изготвени разни украси за во училишниот двор, како жардињери за садници и канти за отпад. На 1-ви Април ќе се одржи главниот настан, Еколошка априлијада, кога ќе бидат реализирани и други активности во иста насока, а ќе се додели и признание за најчиста училница од страна на ЕКО Патролата.
Ова училиште континуирано реализира активности и едукации за заштита на животната средина.