22/11/2024
Струга

Еко-свест со низа едукативни активности за младите во Споменикот на природата „Вевчански извори“

Железото се кова додека е жешко, а љубителите и заштитниците на придодата се градат уште од младост. Токму тоа изминатиот период локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани го прави преку низа едукативни активности наменети за младите и најмладите.

  1. Заедно со НП Галичица организиравме едукативна тура во природа со ученици од ООУ Страшо Пинџур Вевчани со прошетка низ Споменикот на природата Вевчански извори во која учеа бонтон во природа и како се чуваат заштитени подрачја. Учениците собираа растенија и надгледуваа животински видови кои ги среќаваа во прошетката. 

Погледнете го краткото видео од едукативната тура во природа: https://www.facebook.com/watch/?v=534713878871246&ref=sharing

  1. Во соработка со Детската градинка „Планински цвет“  организиравме прошетка во природа. Со дечињата заедно зборувавме за животните и растенијата во нашата околина. Учевме за важноста на водата, зошто треба да се внимава ѓубрето да не завршува во неа и како ја чуваме реката.  

Погледнете го краткото видео од прошетката на децата низ Вевчанските извори: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0CKAohC8crp7Zh3CfHcWfVXcZeFqcE3kDupTCWc5fxST5KM52siFq4jhgRcQyW5gzl&id=112029351800167

  1. Креативните ученици од ООУ Страшо Пинџур Вевчани и уметникот Горан Ристовски исцртаа мурал во училишниот двор, со кој на своите врсници но и останатите жители и посетители на Вевчани сакаат да им укажат за значењето на водата и природните вредности.

Погледнете го краткото видео од цртањето на муралот: https://www.facebook.com/watch/?v=896640098091724&ref=sharing

Целта на сите овие активности е едукација од мали нозе со цел подигање на свесноста зошто ни е важна животната средина и зошто мора да ја штитиме.

И од досега виденото, можеме да се пофалиме дека во младите генерации природата ќе има многу сојузници и борци кои ќе ѝ помагаат.

Сето ова е само мал дел од работата на Еко-свест во Вевчани преку локалната канцеларија. За следниот период се планира и изработка на трајна поставка за природата во Мултикултурниот центар во Вевчани, поставување на информативни табли и знаци во Споменикот на природата „Вевчански извори“, бележење на велосипедски патеки, промоција на заштитеното подрачје преку онлајн кампања и многу други.

Овие активности се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природата „Вевчански извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust- PONT. Како дел од овој проект Еко свест во 2022 ја отвори својата локална канцеларија во Вевчани и претставува продолжување на заложбите на Еко свест зачувување и одржливо управување на Споменикот на природа „Вевчански извори“.


WebOhrid / 03.05.2023 / Центар за истражување и информирање за животна средина Еко-свест – Подружница Вевчани