Екологистот Наумоски за проектот „Економски, еколошки и туристички развој на сливното подрачје на Охридското Езеро“
ОБРАЌАЊЕ од Наумоски Лазо, дипломиран инжинер агроном, експерт по аграр екологија и независен екологист од Охрид.
Повод изработка на проект ЕКОНОМСКИ, ЕКОЛОШКИ И ТУРИСТИЧКИ РАЗВОЈ НА СЛИВНОТО ПОДРАЧЈЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО.
На овој проект јас како негов координатор работам на подолго време и сега сум во завршна негова фаза и истиот ќе биде доставен до централната власт на Република Македонија и локалните власти на Охрид и Дебрца.
Сливното подрачје на Охридското езеро претставува само еден дел од вкупната површина на Р.Македонија. Вкупната површина на Р.Македонија изнесува 26 000 км2.
Сливното подрачје на Охридското езеро се протега од планината Пресека до Св.Наум и планината Буково од општина Охрид.
Сите сливни реки од општините Дебрца и Охрид се вливаат во Охридското езеро.
Општините Охрид и Дебрца располагаат со свои економски потенцијали и тоа се:
– Охридското езеро за развој на езерскиот туризам
– планини со богат шумски зелен појас за развој на алтернативниот туризам
– градот Охрид и езерото од далечната 1980 година се под заштита на УНЕСКО
– мора одговорно и со големо заедничко залагање општините Охрид и Дебрца како и целото население кое живее и е дел од двете соседни општини да работат еколошки да се сочува сливното подрачје на Охридското езеро.
– да се изгради регионална депонија за целиот југозападен регион по сите европски и светски стандарди, но надвор од сливното подрачје на езерото
– во општина Дебрца, поконкретно во село Мешеишта да се отвори средно училиште за аграр и екологија за добивање на образовани фармери за целиот југозападен регион
– иднината на фармарите ќе биде производство на еколошки здрава храна
– општина Дебрца со вкупна површина на обработливо земјиште од преку 9000 хектари да претставува како главен снабдувач со еколошки здрава храна од градинарски, овоштарски, сточарски и полјоделски производи за развојот на езерскиот туризам во Охрид и пошиоркиот регион на Р.Македонија.
– како идни концесионери на Охридското езеро за спорт и риболов поврзан со туризмот ги гледам локалните власти на Охрид, Струга и Дебрца
– шумите во сливното подрачје на Охридското езеро да се прогласат на:
- заштитни шуми
- шуми од посебни намени
Ова што го предлагам за шумите е во интерес:
– нивото на водата на Охридското езеро да се одржува во стабилна состојба, односно да немаме негово намалување ниту негово покачување
– шумите да се користат за развој на антелнативниот и планинскиот туризам и огледување на печурките тартуф кои имаат голема економска вредност и денес истото го применуваат скоро сите европски земји
Со почит,
Наумоски Лазо
дипломиран инженер
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.