Економски спортски ден на отвореното игралиште од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“
ЈП „Билјанини Извори“ веќе неколку години наназад има потпишано меморандум за соработка со ОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид со кој учениците се обврзани да обавуваат практична настава во јавното претпријатие. На таков начин тие стекнуваат знаење и професионални вештини во делот на сметководството, правото, човечките ресурси, набавки и маркетинг.
„Како дел од нашата заложба е учениците не само да се стекнуваат со нови практики туку и истите да ги применуваат. Во таа насока на ден 04 Јуни во 09:00 часот организираме спортски настан, на кој самите ученици ќе бидат главни организатори.
ЈП „Билјанини Извори“ изразува голема благодарност до координаторот проф. Горан Попоски и проф. Гордана Бешироска, Маја Цветанова и проф. Димитар Вејланоски.
Како инизијатори и креатори на овој проект, а ментори за извршената пракса, се нашите колеги мр. Весна Балазоска Милошевиќ и Тони Илијоски.
Ја известуваме јавноста дека настанот е предвиден да се организира на отвореното игралиште во склоп на ОСУ „Св.Кирил и Методиј“. Носители на настанот се учениците од трета година а на настанот имаат право да учествуваат сите ученици од ова училиште. Учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат во четири дисциплини: баскет, одбојка, пикадо и тргање на јаже. Пред официјалниот почеток проф. Марија Пауновска ќе ги загрее сите учесници.
По овој повод ги покануваме сите охриѓани, идните средношколци и родители да дојдат и да се дружат со нас.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
WebOhrid / 30.05.2024 / ЈП „Билјанини Извори“