23/11/2024
Македонија

Eкспертска мисија на ТАIEX за храна за посебните групи потрошувачи

Презентација на законските барања и услови за регистрација и одобрување на објекти и оператори со храна за животни, со јасна дистинкција кој е предмет на процесот на регистрација, а кој на процес на одобрување, е темата на работилницата“Регистрација и одобрување на операторите со храна за животни”, која денес и утре во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и инструментот за претпристапна помош на Европската Комисија – TAIEX, се одржува во Скопје. На работилницата учествуваат претставници од Агенција од Секторот за ветеринарно јавно здравје, Секторот за инспекциски надзор и официјални ветеринари.

На дводневната работилница ќе биде презентирана правната рамка за регистрација и одобрување на објекти за производство на животински нус производи кои се користат како храна за животни, како и законската рамка за производство, маркетинг и употреба на медицинирана храна за животни. Дел од обуката ќе биде посветен на примарното производство на храна за животни, вклучително и општите и посебните одредби за хигиена.

Една од целите на оваа работилница е запознавање на учесниците со моделите и барањата на ветеринарните сертификати кои што ја придружуваат пратката при увоз и извоз на храна за животни од и до трети земји.

Обезбедување и ефективно усогласување на Регулативата (ЕУ) бр. 609/2013 за храна наменета за доенчиња и мали деца, храна за специјални медицински цели и целосна замена на диетата (исхраната) за контрола на телесната тежина, во нов национален правилник, е цел на експертската мисија која со посредство на инструментот за претпристапна помош на Европската Комисија – TAIEX, се одржува за потребите на Секторот за храна од неживотинско потекло и членовите на Комисија за посебни видови храна при Агенцијата за храна и ветеринарство од денес до 28 февруари.

Експерти од ЕУ ќе се осврнат на новиот концепт за храна за конкретни групи потрошувачи, како што се доенчињата, малите деца, оние кои користат храна за посебна медицинска намена, со цел преку пренесување на искуства и презентирање на основите на европската регулатива во оваа област, во земјава доследно да се применуваат европските правила и да се олесни трговијата со оваа категорија производи. Цел на оваа експертска мисија е и подобрување на постапката за авторизација за ставање во промет на храна за посебните групи потрошувачи.