20/09/2024
Македонија

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (17.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.

Лицето е спроведено во КПУ Идризово.