Електронска брошура за странски инвестиции
Во рамките на проектот СЦБЕ/ТБЦ финансиран од Европска Унија преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грцја 2007-2013, изработен е водич за прекугранично претприемништво и странски инвестиции за олеснување на пристапот за соработка со странски инвеститори и прекугранични компании.
Водичот содржи информации за мапирање на потенцијални бизниси во регионот од системска гледна точка, интернационална и регионална поставеност на претприемништво како и информации за олеснувања кон отпочнувањето на деловна соработка со странски комании кои се спремни да инвестираат во регионот.