Елмас на позајмица во Торино
Ељиф Елмас е новото засилување во италијанскиот фудбалски клуб Торино. Македонскиот репрезентативец во Торино оди како позајмен играч од Лајпциг, со можност за целосно откупување на неговиот договор на крајот од сезоната.
Во неговата кариера Елмас досега настапуваше за: Лајпциг (2024-2025) Наполи (2019-2024), Фенербахче (2017-2019) и Работнички (2015-2017).
WebOhrid / 30.01.2025 / фото: TorinoFC