04/12/2024
Регион/Свет

Епидемиолошка анализа на африканска чума кај свињи во балтичките земји и Полска

Европската агенција за безбедност на храна објави научен извештај за „Епидемиолошка анализа на Африканска чума кај свињи во балтичките земји и Полска“. Експертите од ЕФСА им дадоа поддршка на балтичките земји и на Полска при спроведување анализа на епидемиолошките податоци добиени до септември 2017 година.

Болеста и понатаму продолжува да се шири меѓу популацијата на диви свињи.

Се наведува дека во 2017 година, две нови земји членки на Европската унија, Република Чешка и Романија, известија за појава на жаришта со што бројот на земји зафатени со оваа болест се зголеми на шест.

Експертите донесоа заклучок дека и наспроти вложените напори за спречување на афиканската чума кај свињите кај популацијата на диви свињи, луѓето играат клучна улога во ширењето на болеста (на пример, преку фрлање контаминиран отпад во средините во кои престојуваат дивите свињи).

Целиот извештај може да се прочита ТУКА.