22/11/2024
Македонија

EСЕ: Министерството за здравство средствата од акцизите да ги искористи за терапија за сите лица со ретки болести во земјава

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, испрати соопштение до медиумте по повод денот на ретките болести 28 февруари.

„Наместо за намените утврдени со Законот за здравствена заштита, Министерството за Здравство потрошило околу милијарда денари добиени од акцизи за плати и оперативни трошоци на Министерството, како и за потребите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Агенцијата за акредитација и Агенцијата за лекови. Дел од средствата биле употребени и за реконструкција на Јавните здравствени установи и набавка на медицинска опрема. (дополни за кој период се средствата ).

Од 2013 до 2015 година се бележи пораст на средствата кои царинската управа ги уплаќала на сметката на буџетот за самофинансирачки активности на Министерството за здравство во просек за 152 проценти на годишно ниво, од нив 47,2 проценти не биле потошени за целите кои се наменети. Во периодот од 2013 до 2015 година, повеќе од една третина од средствата прибрани од акцизите (40,30 %) се потрошени за една програма (Програмата за партиципација за осигурени лица. А пак, средствата од акцизи за Програма за лекување на ретки болести исто така секоја година се зголемуваат (во 2013 година не се издвоени средства, во 2014 година се издвоени 5,2 милиони МКД, а пак во 2015 година 75 милиони МКД), но и покрај нивното зголемување истите не се трошат во целост , секоја година пропаѓаат и се користат за други намени.

Резултатите од мониторингот и анализата на Програмата за ретки болести која во 2015 година ја спроведе тимот на ЕСЕ покажаа дека од 100 проценти износ на акциза која се плаќа по парче цигара само три проценти одат за фондот за ретки болести.

26 384 386 МКД, средства прибрани со наплата на акцизите за пиво, за етил алкохол и за цигари, се трошат за едукација на медицинскиот персонал, што не е во согласност со Законот за здравствена заштита. А пак, Владата на РМ и Министерството за здравство немаат јасни критериуми за распределба на средствата од акцизите за пиво, за етил алкохол и за цигари по однос на секој од приоритетите утврдени со Законот за здравствена заштита.

Исто така буџетот во Програмата за ретки болести за леување на лица со ретки болести се менува и намалува често. Во 2015, 2016 и 2017 година буџетот на програмата за ретки болести е изменет вкупно четири пати . Во 2015 година, се извдоени 190.000.000 МКД, а пак во 2017 година 159.851.302 МКД. Во истиот период потрошени се 90% од извоените средства.

Во 2016 година преку програмара се лекуваат 168 пациенти кои боледуваат од 36 различни дијагнози.

На светскиот ден на ретките болести сакаме да порачаме до надлежните да се почитуваат обврските од Законот за здравствена заштита, Министерството за здравство и Владата да ја променат практиката на често менување на буџетот на Програмата за ретки болести во текот на фискалната година, средствата за Програмата во целост да се потрошат, да се осигураат дека во регистерот на ретки болести се евидентирани сите лица кои живеат со ретка болест во земјава и да обезбедат за секоја дијагноза навремена, квалитетна и целосна терапија.“- стои во соопштението.