Евроамбасадорот Жбогар утре во посета на општина Дебрца
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, заедно со амбасадорката на УНДП во Р.С. Македонија, Нарине Сахакјан, министерот за земјоделство на Р.С Македонија Трајан Димкоски, утре ќе бидат во посета на општина Дебрца. Целта на посетата е промоција на проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”, финансиран од ЕУ, а имплементатор УНДП, партнери се општина Дебрца и Водостопанство на Р.С. Македонија. Вкупната вредност на проектот е повеќе од еден милион евра.
Во рамките на посетата претходно е предвидено, евроамбасадорот да оствари официјална средба со градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.