Европската Комисија не го испочитува Европското право и ја одби претставката на клубот од Благоевград и нивните претставници НовАсном
Вчерашната посета на претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен на Република Македонија или на нивната творевина „Северна“, потврди неколку непријатни вистини креирани од Европската Унија и Европската Комисија која е дел од ЕУ, во однос на Македонската Нација.
Европската Комисија покажува гротеска хипокризија и лага со отфрлањето на претставката на НовАсном и Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград против Р. Бугарија доставена до Европската Комисија на 29 Август 2022 година. Во објаснението дадено до НовАсном, Европската Комисија меѓу другото вели дека нашата претставка дадена до ЕК е во доменот на заштита на човековите права на македонците во Бугарија и дека ЕК нема ингеренции да делува во овој домен. До Р. Бугарија било тоа да го уреди.
Преставката која ја поднесовме до ЕК против Бугарија во ниеден дел не споменува заштита на човековите права на Македонците во Р. Бугарија. Нашата претставка е во доменот на веќе донесени одлуки на Европскиот Суд за првда, Европската комисија, директиви како и кршењето на неколку членови од фундаменталните права од договорот на Европската Унија.
Во своето објаснување, Европската Комисија воопшто не ги адресира нашите тврдења дека со нерегистрацијата на Македонскито клуб за етничка толеранциа од Благоевград, Бугарија го крши Договорот на ЕУ во доменот на фундаменталните права, членовите 12, 21 и 22.
Фундаменталните права од договорот на Европската Унија се еден од столбовите врз кои почива Европската Унија. Тие се основни, базични и имаат примат во ЕУ. Еден од нашите аргументи е дека Бугарија крши три члена (12, 21,22), од фундаменталните права од договорот на ЕУ. Овие членови се во доменот на слободата на здружување и асоцијација, недискриминацијата и културна, религиозна и јазична различност. Ние сметаме дека со нерегистрацијата на Македонскиот клуб за етничка толеранција, Р. Бугарија ги крши овие три члена од договорот на ЕУ и со тоа Европската Комисија треба да реагира и да и наложи на Р. Бугарија да го регистрира клубот од Благоевград. Во спротивно, Европската Комисија треба да воведе санкции кон Бугарија. Една од санкциите кои ЕК ги има на располагање се скратување на ЕУ фондовите се додека Р. Бугарија не дозволи регистрација на Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград. Сметаме дека Европската Комисија ги има овие ингеренции.
Со неадресирањето на нашите аргументи во нашата претставка против Р.Бугарија во однос на кршењето на фундаменталните права од договорот на ЕУ, Европската Комисија само потврдува дека ние сме во право и ни го отвара патот да поднесеме тужба против Европската Комисија во Судот за правда во Луксембург.
Во овој момент, нашите европски адвокати од Париз ја разгледуваат овааа можност додека ние подготвено го очекуваме нивниот сигнал.
Третманот на Македонците во Бугарија не соодветнува со нивните фундаментални права кои ЕУ ги нуди а Европоската Комисија од нас очекува тие права да ги почитуваме во Македонија додека ништо не прави истите права да ги почитуваат земјите членки како Р. Бугарија. Со ова. Европската Комисија проектира една хипокризија и двојни стандарди кои не поминуваат кај нас Македонците.
Нам не ни треба ЕУ каде што, ние Македонците ќе ги немаме оснвонвите чвоекови права. Нам не ни треба ЕУ каде што владее хипокризија, двојни стандарди и кршењето на ЕУ законите. Нам ни треба Европска Унија каде што, Македонците ќе ги имаат истите права кои ги имаат и другите народи во Европа. Тоа сега не е случај а нашиот пат кон ЕУ е обична идентитетска провалија, пат низ кој, ние Македонците постпено ги губиме нашите идентитетски обележја до финално обезличување на самите себеси.
WebOhrid / 31.10.2023 / НовАсном