Евровизиска забава во Скопје
Традиционално, во пресрет на евровизискиот натпревар, во сабота (11.05), во Скопје ќе се одржи Евровизиска забава, овојпат во чест на Тамара Тодевска.
На забавата, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните од македонските претставници. Преку видео, до евровизиските фанови ќе се обрати и Тамара од Тел Авив. Локацијата е Нано Бар ( Дебар Маало), со почеток од 21:30. За музичкиот избор е задолжена Дј Тина.