22/11/2024
Македонија

Фестивал на германски филмови за деца и млади во Кинотека

Со проекција на германскиот игран филм „Венди“, денеска, 23 април, со почеток во 12 часот, во Кинотека на Македонија започнува Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ).

Во рамки на програмата на фестивалот кој годинава се одржува по седми пат, од 23 до 28 април, со проекции од 12 и 18 часот ќе бидат прикажани пет играни филмови.

Посетителите освен филмот „Венди“ ќе можат да ги проследат и филмовите: „Беше еднаш во земјата на индијанците“, „Биберковците и клетвата на црниот крал“, „Амели трча“ и „Тајната на смарагдот.

Филмовите ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик и се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.

Фестивалот се реализира од страна на „Гете-институт“ Скопје во соработка со Кинотека на Македонија.