22/11/2024
Спорт

ФФМ го одржа Редовното Генерално Собрание

Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето Редовно Генерално Собрание за 2022 година.

На Редовното Генерално Собрание во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2021. година.

Највисокото тело на федерацијата ја усвои завршната сметка за минатата година и буџетот на федерацијата за 2022. година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор.  

Делегатите на Собранието едногласно ги усвои измените на системот за натпреварување во МФЛ за 2022/2023 за единствена Втора лига, а беа усвоени и генералната стратегија на ФФМ, „Обединети од фудбалот 2021-2025“ и македонската женска стратегија 2021-2025. 

Работниот дел од денешното Редовно Собрание на ФФМ го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Чарлс Борман беше претставник на ФИФА од Национални асоцијации. 

– Честитки за успесите за минатата година, успеси како на терен, така и надвор од него. Ова е убава можност да го нагласиме силното пријателство и соработка меѓу ФИФА и ФФМ. Вие стево чекор со ФИФА и заеднички придонесуваме заразвој на спортот кој сите го сакаме. ФИФА е горда на многуте заеднички проекти што ги спроведуваме во рамките на FIFA forward програмата. Не радува тоа што финансиските средства се вложуваат за развој, посебно на клучната компонента, а тоа е инфраструктурата.

Честитки за објавувањето на новата стратегија, како и стратегијата за женски фудбал, можете да сметате на континуираната поддршка од ФИФА за остварување на зацртаните цели. Исто така, бидете горди на напорната работа и трудот што го вложивте во изминативе години почнувајќи од аматерско до највисоко ниво. Единствено на тој начинможе да се постигнат најголеми успеси, а доказ за тоа беше настапот на Македонија на ЕП 2020 и пласманот во бараж за Светско првенство, рече во своето обраќање претставникот на ФИФА, Чарлс Ботман.

– Сакам да истакнам колку многу е сработено во делот на развојот на фудбалот, преку изградба на фудбалска инфраструктура, терени и стадиони и потврден големиот проифесионализам во вашите проекти. Заедно со вас, а се разбира во координација со ФИФА и УЕФА работиме во тесна соработка за изготвување на новиот статут, документ што ќе биде нов дополнителен чекор за подобро управување и нови прописи. Во најскоро време ќе ги достаиме нацрт верзиите. 

Најдобар пример за вашата посветеност е настапот на Еуро 2020 за првпат, успех рамен на чудо, но чудо е и вашиот пласман во баражот за Светското првенство. За 12 дена од сега ќе играте со европскиот шампион за настап на СП. Посакувам да продолжите со добрата работа иако навистина е тешко е да се зборува за фудбал во вакви моменти. Веќе неколку години фудбалот и светот не живеат во нормална ситуација, прво со Ковид-19, а сега пред неколку недели во срцето на Европа изби војна. Скршени сме од болка од тоа што се случува во Украина. Ние како УЕФА сме подготвени да направиме сѐ што е можно да направиме да заврши ова, а сите покажаа солидарност. Сакам да и заблагодарам на ФФМ за поддршката на секоја одлука на УЕФА и за секоја одлука за европскиот фудбал, истакна Денис Бастари од УЕФА. 


WebOhrid / 12.03.2022 / ФФМ