ФФМ ќе подели премија од 500.000 евра за првото место во групата од Лига на нации
Фудбалската федерација на Македонија ќе подели премија од 500 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб за освоеното прво место во групата.
Македонската репрезентација го освои првото место во групата Д од Лига на нации и се пласираше во плеј-оф фазата за пласман на Европското првенство. Македонија освои 15 бода во својата група во конкуренција на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.