25/11/2024
Македонија

Филхармонијата ќе го свири Моцартовиот „Реквием“

По подолго време, на репертоарот на Македонската филхармонија повторно се најде „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, едно од најкрупните дела во класичната музика …

Утревечер (4 мај) со почеток во 20 часот, под диригентство на миленикот на македонската музичка публика, маестро Емил Табаков од Бугарија, Моцартовото генијално дело ќе биде изведено на симфонискиот концерт насловен „Requiem Aeternam“, од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, хорот при Факултетот за музичка уметност подготвен од маестро Сашо Татарчевски, како и солистите: Ким Лилијан – Стребел – сопран од Швајцарија, Мартин Ванберг – тенор од Шведска, Николина Јаневска – мецосопран и Владимир Саздовски – бас.

На овој концерт ќе бидат изведени уште две импресивни дела – „Моцарт ала Хајдн“ од Алфред Шнитке, на кое како солисти ќе се претстават виолинистите Владимир Костов и Владимир Крстев, како и моцартовата Масонска погребна музика.