22/11/2024
Македонија

Филипче: 10 нови случаи на ковид-19 во земјава

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.

– Скопје 3
– Неготино 2

Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања, а потврдени се 10 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19430 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29 април.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1674, бројката на оздравени пациенти е 1205, на починати е 92, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 377.