22/11/2024
Македонија

Филипче: 8 нови случаи на КОВИД-19 во земјава

Денеска е регистриран 21 оздравен пациент во:
– Скопје 8
– Куманово 6
– Штип 1
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Кочани 1
– Македонски Брод 1
Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:
– Скопје 3
– Битола 1
– Велес 4
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.
Согласно ова вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Во изминатото деноноќие направени се вкупно 185 теста.